24фудбал

Ибрахимовиќ: Кога го добив црвениот картон околу мене видов 11 бебиња како плачат

Златан Ибрахимовиќ во свој стил го искоментира престрого добиениот црвен картон на синоќешниот натпревар против Челзи.

Лига на Шампиони
Во 31. минута на Златан Ибрахимовиќ му беше покажан директен црвен картон поради старт врз Оскар. Впечатокот е дека судијата погреши и подлегна под притисокот на фудбалерите на Челзи.
 
„Најлошото беше што кога го добив црвениот картон, сите играчи на Челзи дојдоа околу судијата. Чувствував како да има 11 бебиња околу мене" - вели Ибрахимовиќ.
 
„Не знам дали Оскар се преправаше или каде го удрив. Тоа не е важно. Ние го добивме натпреварот и продолжуваме понатаму, па ќе видимешто ќе се случи".