24фудбал

Дефанзивците на ПСЖ го елиминираа Челзи (ВИДЕО)

’Светците’ со играч помалку успеаа да обезбедат реми од 2-2 на Стемфорд Бриџ, Давид Луиз и Тијаго Силва се хероите на ПСЖ

Лига на Шампиони

Жозе Мурињо очигледно веруваше дека нерешениот резултат од 1-1 на првиот натпревар во Париз ќе биде доволен, па неговите избраници уште од самиот почеток на натпреварот повеќе мислеа на сопствениот гол отколку на противничкиот.

Работите не се сменија ни по црвениот картон на Златан Ибрахимовиќ во 30. минута, Челзи и понатаму стрпливо чекаше.

Ваквата поставеност на играта на ’Специјалниот’ вроди со плод во 81. минута, кога по една мешаница во шеснаесетникот на ПСЖ најдобро се снајде Кејхил и неодбранливо биеше за предност на Челзи од 1-0.

Но гостите не се откажаа, и за својата упорност беа наградени пет минути подоцна.

Поранешниот играч на Челзи, Давид Луиз беше највисокот во скокот по еден корнер од десната страна, изедначи на 1-1 и го однесе натпреварот во продолженија.

По пет минути игра во продолжението, ’Сините’ одново дојдоа во водство преку удар од белата точка.


Тијаго Силва играше со рака во шеснаесетникот, судијата досуди пенал а Еден Азар прецизно ја реализираше најстрогата казна.

И кога се чинеше дека ПСЖ полека го губи здивот и се наоаѓа пред елиминација, Тијаго Силва се искупи за пеналот и го замолкна Стемфорд Бриџ во 114. минута.

По еден корнер од левата страна Бразилецот ја затресе мрежата на Тибо Куртоа и му донесе пласман на ПСЖ во четврт-финалето.


Full Highlights - Chelsea 2-2 PSG - 11-03-2015 by Video-Live