24фудбал

Баерн го прегази Шахтјор (ВИДЕО)

’Баварците’ славеа со високи 7-0 против Шахтјор и го чекираше билетот за четврт-финале од Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Избраниците на Пеп Гвардиола лесно стигнаа до победа, откако во 3. минута судијата покажа на белата точка и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Шахтјор, Кучар.

Томас Милер прецизно го реализираше ударот од 11 метри и го донесе Баерн во предност од 1-0.

По ваквиот развој на настаните стана јасно дека Шатхјор нема што да бара на гостувањето на Алианц Арена, и прашањето беше само колку гола ќе постигнат ’Баварцити’.

Боатенг ја затресе мрежата на Шахтјор во 34. минута за предност на Баерн од 2-0 на полувреме, а во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Рибери, Милер, Бадштубер, Левандовски и Геце за убедлива победа од 7-0.