24фудбал

Шалке во целост го откупи договорот на Настасиќ

Шалке го направи перманентен трансферот на Матија Настасиќ, дефанзивецот се обврза кон клубот од Гелзенкирхен до 2019

Германија

Репрезентативецот на Србија во јануари се пресели во Фелтинс Арена на позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен трансфер.

По само два месеци поминати во Гелзенкирхен, Шалке одлучи во целост да го откупи договорот на Матија Настасиќ.

„Шалке ја активираше клаузулата во договоро на Настасиќ и потпиша со играчот до 30. јуни 2019” – гласеше известувањето на Шалке.

Самиот играч рече: „Горд сум и среќен што ќе останам во Шалке. Уште од првиот ден се почуствував како дел од тимот”.

„Сакам да дадам допринос за Шалке во иднина да забележи успех и да го оствари зацртаните цели”.