24фудбал

Рибери: Слободните удари на Алаба се лудило (ВИДЕО)

Франк Рибери има само пофални зборови за начинот на кој Давид Алаба ги изведува слободните удари

Германија

Левиот бек на Баерн Минхен полека прераснува во специјалист за изведување слободни удари.

Минатиот месец постигна извонреден гол против Штутгарт, а неодбраниливо биеше и во средата на дуелот со Брауншвајг во Купот на Германија.

Франк Рибери има само пофални зборови за својот колега, и вели дека слободните удари на Алаба се лудило.

„Слободниот удар беше извонреден. Неговите обиди се лудило” – вели Рибери. „Не можете да ги изведите подобро од него”.