24фудбал

Форлан: Во Интер сите го сакаат Мурињо

Уругвајскиот фудбалер кој помина една сезона во Интер, објаснува како во клубот сите зборувале за Португалецот по неговото заминување.

Италија
Диего Форлан во Интер пристигна по една сезона откако Жозе Мурињо си замина од клубот.
 
„Никогаш не сум бил во клуб каде што фудбалерите толку многу зборувале за некој тренер од минатото како што тоа беше случајот со Жозе Мурињо во Интер" - вели Форлан.
 
„Јас во Интер пристигнав по една година откако тој заминал, во клубот после Мурињо до моето доаѓање се промениле уште четворица тренери".
 
„Мурињо замина од Интер со тројна круна, Лига на шампиони, Скудето и Куп на Италија, никој од неговите наследници не дојде ни блиску до тоа остварување".
 
„Него не го сакаа само фудбалерите, туку сите во клубот. Ми рекоа дека вратата за Мурињо секогаш ќе биде отворена".
 
„Изненадувачки е кога толку многу фудбалери зборуваат толку добро за некој тренер, но играчите сакаат да работат за Мурињо".
 
„Не само затоа што освојува трофеи, фудбалерите ја чувствуваат неговата поддршка, тој ги заштитува од притисок и критики со тоа што зборува само за себ, го одвлекува вниманието од нив".
 
„Тој беше критикуван за дефанзивната игра против Барселона, но што можеше да направи? Барса имаше подобри фудбалери, но Мурињо го доби резултатот".
 
„Не сака да биде запаметен како репрезентацијата на Бразил од 1982, тим кој играл прекрасен фудбал, а не освоил ништо".