24фудбал

Бускетс го пропушта Ел Класико!

Според првичните лекарски прегледи, Серхио Бускетс ќе биде четири недели надвор од теренот поради повреда на зглобот, тоа значи дека ги пропушта дуелите со Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Шпанија
Страшно изгледаше повредата на Серхио Бускетс кој поради силен удар на зглобот пред време го напушти натпреварот.
 
Првичните информации велат дека Бускетс ќе помине без операција, но ќе паузира околу четири недели.
 
Се очекува деталните прегледи кои треба да бидат направени во текот на денешниот ден, да потврдат дека Барса нема да може да смета на Бускетс во наредниот месец.
 
Доколку прогнозите се точни, Бускетс ќе го пропушти реванш дуелот против Манчестер Сити кој се игра на 18. март, како и Ел Класико дуелот против Реал Мадрид кој е четири дена подоцна.