24фудбал

Матиќ се повредил на прославата на титулата во Лига Купот

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Немања Матиќ се повредил на прославата за освоениот трофеј во Лига Купот, но ќе биде подготвен за дуелот од Лигата на Шампионите против ПСЖ.

Англија
Иако не настапи во финалето од Лига Купот, Немања Матиќ заработил повреда.
 
„Ќе ви кажам нешто што никој не знае. Матиќ е повреден, се повреди за време на прославата на победата во Купот" - открива Мурињо.
 
„И доколку не беше суспендиран за дуелот со Вест Хем, немаше да настапи поради повреда. Го свитка зглобот. Но ќе игра против ПСЖ, ќе тренира во сабота или во недела".