24фудбал

Гомис се чувствува добро

Напаѓачот на Свонси, Бафетимби Гомис вели дека се чуствува добро откако вчера колабрираше на Вајт Харт Лејн

Англија

Французинот, кој има срцева мана, во минатото во неколку наврати се има онесвестено на терените, а истото му се случи и на вчерашното гостување кај Тотенхем.

Овој инцидент сите ги врати во март 2012 година, кога на дуелот помеѓу ’Спарси’ и Болтон, Фабрис Муамба доживеа инфаркт.

Сепак, се е во ред со Бафетимби Гомис, напаѓачот на Твитер им се заблагодари на фановите за поддршката и објасни зошто колабрирал на теренот.

„Сакам да ве осигурам дека се е во ред со мене, она што ми се случи изгледаше многу страшно, но се чуствувам добро” – напиша напаѓачот.

„Татко ми има проблеми со здравјето, па бев под огромен стрес, често патував за Франција и бев изморен”

„Разочаран сум што не можев да му помогнам на мојот тим вечерва”.

„Исто така сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката и пораките за брзо закрепнување”.