24фудбал

Барса се пласираше во финалето, Бускетс се повреди (ВИДЕО)

Барселона го победи Виљареал и на негов терен со 3-1, пех за Каталонците е повредата на Серхио Бускетс кој пред време го напушти натпреварот.

Шпанија
Барса го победи Виљареал и на Ел Мадригал и сосема заслужено се пласираше во финалето од Купот на Шпанија.
 
Триото Нејмар, Меси и Суарез повторно доминираше, Аргентинецот не постигна гол, но Бразилецот реализираше два пати, еднаш погоди Суарез.
 
Но Барса не можеше комплетно да и се израдува на победата, Серхио Бускетс заработи повреда во првото полувреме која не изгледаше воопошто наивно. По медицинските тестови ќе се знае тежината на повредата на Бускетс и периодот во кој ќе паузира.


Villarreal vs Barcelona (1-3) Full Highlights... by rubin7190