24фудбал

Алвес се поблиску до заминување од Камп Ноу

Агентот на Дани Алвес вели дека тие се во напредни преговори со друг клуб, и се поизвесно е дека Бразилецот ќе ја напушти Барселона

Шпанија

Десниот бек е обврзан кон ’Каталонците’ до 30. јуни, и сеуште нема добиено понуда од Барселона за продолжување на соработката.

Во разговор со RAC1, агентот на Дани Алвес вели дека Бразилецот е многу блиску до потпис за друг клуб.

„Блиску сме до потпис за друг клуб, преговорите се во напредна фаза” – вели Динора Сантана.

Агентот сепак ја остава отворена вратата играчот да остане на Камп Ноу доколку лидерите на Барса реагираат експресно и достават понуда.

„Барселона? Дани сеуште е отворен за идеата да остане, но нема да чека уште многу долго”.