24фудбал

Вреѓањето на полицијата ќе го чини Пике 10.500 евра

Судот во Барселона му изрече казна на Џерард Пике од 10.500 евра за навреда на полиција, глобата ќе треба да биде платена за седум дена, во спротивно дефанзивецот ќе треба да одлежи казна затвор.

Шпанија
Во октомври минатата година Пике на улица вреѓаше двајца полицајци кои го пријавија инцидентот.
 
Сега судот во Барселона ја соопшти казната, таа изнесува 10.500 евра кои Пике ќе мора да ги плати за седум дена.
 
Во октомври минатата година по направен сообраќаен прекршок, Пике им велел на полицајците „не знаете со кого си имате работа, знаете ли кој сум јас, Пике не плаќа казни".