24фудбал

Челзи пикира нови талентирани Белгијци

Медиумите од Белгија пренесуваат дека скаути на Челзи подолго време ги следат талентите на Андерлехт, Леандер Дендонкер и Јури Тилеманс

Англија

’Сините’ пазареа млади надежи од Белгија во изминатите неколку години, а очигледно ваквата традиција ќе продолжи и во иднина.

Медиумите од Белгија пренесуваат дека скаути на Челзи често се присутни на натпреварите на Андерлехт и обрнуваат особено внимание на двајца играчи.

17 годишниот Јури Тилеманс е една од желбите на клубот од Стемфорд Бриџ, фудбалерот од средниот ред важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа.

Леандер Дендонкер е вториот фудбалер на кого ’Сините’ му имаат фрлено око.

19 годишниот дефанзивец од средниот ред изминатиов викенд постигна прекрасен гол токму пред очите на скаутите на Челзи.

За потсетување, Челзи во минатото ги ангажираше Еден Азар, Торган Азар, Ромелу Лукаку, Кевин Де Брујн и Тибо Куртоа.