24фудбал

Ѓуровски: Горд сум што повторно ќе играм за Македонија

Марио Ѓуровски повторно ќе го облече дресот на македонската фудбалска репрезентација, преку својот твитер профил, потврди дека се враќа во селекцијата.

Македонија
Селекторот на Македонија, Бошко Ѓуровски во телевизиско интервју на МТВ, информираше дека ќе го повика својот внук, а сега тој преку својот твитер профил го потврди повикот.
 
„Горд сум што ќе имам шанса да се вратам во националниот тим на Македонија" - напиша Марио Ѓуровски на својот твитер профил.
 
Марио Ѓуровски е повикан за квалификацискиот натпревар против Белорусија и пријателскиот дуел со Австралија.
 
Ѓуровски има 12 настапи за македонската репрезентација и постигнато два гола, последен пат играше против Албанија на 15. ноември 2011.