24фудбал

Симеоне го сака Кавани

Според денешното издание на L’Equipe, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне остварил контакт со Единсон Кавани од ПСЖ

Шпанија

Диего Симеоне е голем фан на Единсон Кавани и посакува да го види фудбалерот на Висенте Калдерон

Реномираниот француски весник, L’Equipe денеска објави дека неодамна тренерот на Атлетико Мадрид и напаѓачот на ПСЖ разговарале преку телефон.

Дефанзивецот на Атлетико, Деиго Годин кој е колега на Едисон Кавани од репрезентацијата на Уругвај бил посредник во целата ситуација.

L’Equipe додава дека напаѓачот размислува за промена на средината со оглед на тоа што во Париз игра надвор од позиција и често е критикуван за слабата голгетерска форма.

Но проблем ќе преставува огромната цена на Единсон Кавани, ПСЖ за услугите на Уругваецот плати 64 милиони евра, па сигурно ’Светците’ ќе бараат висока сума.

’Јорганџиите’ би можеле да си го дозволат Единсон Кавани само доколку продадат неколку играчи.

Марио Манџукиќ, Арда Туран и Коке се фудбалерите кои најчесто се поврзуваат со заминување од Атлетико.