24фудбал

Марко Ројс неизвесен за дуелот со Јувентус (ВИДЕО)

На синоќешниот натпревар против Динамо Дрезден, Марко Ројс заработи повреда на коленото, неговиот настап за реваншот со Јувентус е неизвесен.

Лига на Шампиони
Победата на Борусија Дортмунд над Динамо Дрезден од 2-0 е во сенка на повредата на Марко Ројс.
 
Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд натпреварот го заврши во 22. минута, кога се удри со еден противнички играч и го повреди коленото.
 
Детални информации за повредата сеуште нема, но неговиот настап за реванш дуелот од Лигата на шампионите против Јувентус е крајно неизвесен.