24фудбал

Два гола на Горан Пандев во Купот на Турција! (ВИДЕО)

По подолго време Горан Пандев постигна гол за Галатасарај во Купот на Турција, македонскиот напаѓач два пати ја тресеше мрежата на Манисаспор.

Македонија
Горан Пандев го постигна шестиот и седмиот гол во дресот Галатасарај. Македонскиот напаѓач погоди со глава во 68. минута за водство од 3-0 против Манисаспор, а на две минути пред крајот исто така со глава ги постави конечните 4-0.
 
Пандев ги одигра сите 90 минути, а Галатасарај избори пласман во полуфиналето од Купот на Турција.