24фудбал

Пеп: Останувам во Баерн

Пеп Гвардиола ги демантира сториите кои го поврзуваат со заминување од Алианц Арена, вели дека е среќен во Баерн

Германија

Стратегот е обврзан кон ’Баварците’ до 2016, преговорите за продолжување на соработката се одложени за по крајот на сезоната, па често се говори дека Пеп Гвардиола планира да замине од Минхен.

Се шпекулира дека Шпанецот би можел да го превзеде кормилото на Манчестер Сити, а како опција се споменува и селекторското столче на Катар.

Сепак, зборувајќи на денешната прес конференција во пресрет на дуелот со Брауншвајг во Купот на Германија, Пеп Гвардила истакна дека нема намера да замине од Баерн.

„Манчестер Сити? Се надевам дека ќе останам во Баерн долги години” – рече Гвардиола.

„Под договор сум со овој прекрасен клуб, и имам намера во целост да го одработам”.

„Не сум добил ниту една понуда, ниту пак чекам да пристигне”.

„Среќен сум во Баерн”.