24фудбал

Мурињо: Тери ќе добие нов договор

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо гарантира дека капитенот Џон Тери и следната сезона ќе го носи дресот на ’Сините’

Англија

Дефанзивецот е обврзан кон Челзи до крајот на сезоната, но според ’Специјалниот’, Џон Тери ќе ја продолжи верноста.

„Можам да гарантирам дека тој ќе биде во Челзи и следната сезона” – рече Жозе Мурињо на денешната прес конференција.

„Знам што ми пренесе бордот на директори и што ми кажа играчот, немам сомнеж дека тој ќе добие нов договор”.