24фудбал

Пеп Гвардиола направил сообраќајка

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола минал без повреди во сообраќајна несреќа која ја предизвикал со неговиот Ауди автомобил.

Германија
Гвардиола не успеал навреме да закочи и неговиот Ауди РС6 автомобил удрил во Фолксваген Поло.
 
Според информациите од германскиот весник Билд, инцидентот поминал без повреди, само со оштетување на автомобилите.
 
Нема слики од инцидентот, Гвардиола и возачот на Полото размениле податоци и заминале од местото на настанот.