24фудбал

Венгер: Далеку сме од титулата

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека се може да се случи во трката за титулата, но признава дека ’Топџиите’ се премногу далеку од Челзи

Англија

Клубот од Северен Лондон во моментов е на третата позиција на табелата со девет бода заостанување зад Челзи, но имаат одиграно и натпревар повеќе од ’Сините’.

Зборувајќи на денешната прес конференција, Арсен Венгер истакна дека се може да се случи во трката за титулата, но во исто време призна дека Арсенал е далеку од лидерот Челзи.

„Во моментов сме премногу далеку од Челзи за да кажеме дека сме во трката за титулата, но никогаш не знаете што ќе се случи” – вели Французинот.

„Ова важи и за Манчестер Сити, зошто тие да се откажат од титулата? Пред три години станаа шампиони иако заостануваа осум бода”.

„Сепак, во моментов не сме ниту блиску до освојување на Премиерлигата”.

„Само сакаме да освоиме што е можно повеќе бодови до крајот на сезоната, без да шпекулираме за слабостите на некој друг тим”.

Запрашан за борбата за местата кои водат во Лигата на Шампионите, Арсен Венгер рече: „Ќе биде неизвесно”.

„Доколку погледнеме на табелата, пред нас е Манчестер Сити со четири бода предност, а зад нас се неколку тимови кои ни дишат во врат”.