24фудбал

Дибала: Ќе пливам до Барселона ако треба да потпишам за ’Каталонците’

Напаѓачот на Палермо, Пауло Дибала вели дека воопшто нема да се двоуми доколку на негова адреса пристигне понуда од Барселона

Шпанија

Аргентинецот прикажува импресивни перформанси оваа сезона, па голем број на клубови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Се очекува по крајот на сезоната Пауло Дибала да замине од Сицилија, самиот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини потврди дека напаѓачот ќе биде продаден во летниот преоден рок.

Во разговор со Radio Belgrano, фудбалерот сега открива дека посакува преселба на Камп Ноу.

„Дали би кажал ДА на понуда од Барса? Ќе пливам до Барселона ако треба да потпишам за ’Каталонците’” – вели Дибала.

„Нема ни да ја облечам мојата пливачка опрема.  Треба само да го препливам Медитеранското море...”

Пауло Дибала е трансфер желба на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, ПСЖ, Јувентус, Наполи, Борусија Дортмунд и Барселона, а за неговите услуги Палермо бара најмалку 40 милиони евра.