24фудбал

Адам Џонсон уапсен, имал секс со малолетничка

Фудбалерот на Сандерленд, Адам Џонсон денеска бил уапсен под сомнение дека имал сексуален однос со 15 годишно девојче

Англија

27 годишниот Англичанец останува во притвор, и ќе и помогне на полицијата во истрагата.

Сандерленд го суспендираше играчот, ’Црните Мачки’ нема да сметаат на услугите на Адан Џонсон се додека трае истрагата.

Портпаролот на полицијата за медиумите изјави: „27 годишен маж беше уапсен денеска под сомнение дека имал сексуален однос со малолетна девојка”.

„Тој останува во притвор и им помага на полицајците во нивната истрага”.

Соопштението на клубот од Стадионт на Светлината гласеше: „Сандерленд може да потврди дека Адам Џонсон е суспендиран, ќе се чека исходот од полициската истрага”.

Според законите во Англија, не е дозволен секс со лица помлади од 16 години и ваквото дело е казниво.