24фудбал

Не им доаѓа памет, фанови на Челзи одново под истрага за расизам!

Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека полицијата води истрага за расистичко и навредливо однесување на фанови во воз кој патувал од Лондон за Манчестер

Англија

По жалби на голем број патници, полицијата интервенирала на станицата во Стоук при што на четири лица им било наредено да се симнати од возот, а уште четворица луѓе доброволно го напуштиле возот.

Се верува дека овие лица биле фудбалски фанови, односно поддржувачи на Челзи, кои се враќале во Манчестер по триумфот на ’Сините’ во финалето на Лига Купот.

Портпаролот на Полицијата за Транспорт рече: „Околу 22:30 часот на 1. март, недела, полицијата беше повикана на станицата во Стоук да пресретне воз од Лондон до Манчестер по голем број на жалби за расистичко и навредливо однесување на група патници, за кои се верува дека се фудбалски фанови”.

„Колегите од Стафордшир исто така беа присутни. Полицајците на четири лица им наредија да се симнат од возот. Разговаравме со двајца сведоци и истрагата продолжува”.

„Патниците и персоналот имаат право на работа да патуваат во мир и спокојство. Насилно однесување во возовите и на станиците е неприфатливо, па нема да се колебаме и ќе продолжиме да истражуваме вакви инциденти”.

Ова е втор ваков инцидент за краток временски период, откако фанови на Челзи пред десетина дена во метрото во Париз не му дозволија на човек со црна боја на кожата да се качи во возот и притоа пееа расистички песни.