24фудбал

Тери не се враќа во репрезентацијата на Англија

Поранешниот капитен на Англија, Џон Тери ја отфрла можноста да се врати во репрезентацијата, но признава дека му недостасуваат големите натпревари на Вембли

Англија

Дефанзивецот во 2012 се повлече од репрезентацијата на Англија по инцидентот со Антоан Фердинанд, кога беше обвинет дека упатил расистички навреди кон фудбалерот на КПР.

По вчерашниот натпревар со Тотенхем во финалето на Лига Купот, Џон Тери призна дека му недостасувала атмосферата од големите натпревари на Вембли.

Но тоа не е доволна причина за тој одново да го облече дресот на ’Гордиот Албион’.

„Дали сум размислувал за враќање во репрезентацијата? Не. Одговорот е едноставен, не сакам да навлегувам во детали во овој момент”.

„Тоа што се вратив на Вембли, атмосферата, стедионот, едно од најдобрите места на кои сум играл, но никогаш не сум помислил за враќање во репрезентацијата”.

„Донесов одлука и составот на Англија може да продолжи понатаму”.

„Ми недостасуваат натпревари на вакви големи стадиони, па среќен сум што се вратив на Вембли”.

„Емоциите проработеа кога пред почетокот на натпреварот ја слушнав химната”.