24фудбал

Мурињо: Морам да се хранам со титули

Жозе Мурињо ја освои првата титула со Челзи откако по втор пат седна на кормилото на тимот од Западен Лондон, вели дека се чувствувал како мало дете.

Англија
Мурињо синоќа го освои 21. трофеј во неговата тренерска кариера, прв по повторното доаѓање во Челзи.
 
Португалецот не го криеше задоволството по освоениот трофеј во Лига Купот.
 
„Среќен сум како дете, како да сум го освоил првиот трофеј" - изјави Мурињо.
 
„За мене е тешко да живеам без титули. Морам да се хранам со нив".
 
Ова беше вкупно седма титула на Жозе Мурињо со Челзи.