24фудбал

Тасоти ќе го замени Инзаги на кормилото на Милан?

Според италијанските медиуми, доколку Милан не го добие натпреварот со Верона во следното коло, Пипо Инзаги ќе добие отказ а на негово место ќе седне Мауро Тасоти.

Италија
Како се приближува сезоната до крајот, така столчето на Пипо Инзаги се посилно се тресе.
 
По ремито на гостувањето кај Киево, Милан се наоѓа на десетата позиција на табелата во Серија А.
 
Corriere dello Sport пишува дека Адриано Галијани имал телефонски разговор со Силвио Берлускони, двајцата незадоволни од играта на тимот разговарале за можна смена на тренерот.
 
Gazzetta dello Sport пишува дека натпреварот против Верона во следното коло може да биде последен за Пипо Инзаги, доколку не успеа да ги освои трите бода, се верува дека Мауро Тасото ќе го превземе кормилото.