24фудбал

Реал киксна на Бернабеу, само бод против Виљареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра само 1-1 против Виљареал на Сантијаго Бернабеу, па по 25 одиграни кола бодовната предност во однос на Барселона изнесува само два бода.

Шпанија
Реал Мадрид одигра само 1-1 против Виљареал и ги врати насмевките кај фановите на Барселона која повторно сама одлучува за својата судбина.
 
Тимот на Анчелоти поведе со гол од пенал на Кристијано Роналдо, но Виљареал преку Герард Морено дојде до голем бод од Бернабеу.
 
Пред овој натпревар се одигра дуелот помеѓу Севиља и Атлетико Мадрид на кој немаше голови.
 
По 25 одиграни кола во Примера, Реал Мадрид е прв со 61 бод, Барса има 59, Атлетико Мадрид и Валенсија имаат по 53 бода.
 


All Goals - Real Madrid 1-1 Villarreal - 01-03... by VideoGreen