24фудбал

Челзи го освои Лига Купот! (ВИДЕО)

Челзи со 2-0 го победи Тотенхем во финалето на Вембли и го освои трофејот во Лига Купот, прва титула за Жозе Мурињо по враќањето во Западен Лондон.

Англија
Челзи го освои првиот трофеј откако Жозе Мурињо се врати во клубот, Вембли денеска беше обоен во сино. Лондонската пресметка ја доби Челзи кој со 2-0 го совлада Тотенхем со 2-0.
 
Резултатот го отвори Џон Тери пред самиот крај на првото полувеме, вториот гол за Сините го постигна Диего Коста кој со помош на Вокер го совлада Хуго Лорис.
 
И Тотенхем имаше свои шанси, најблиску беа кога Ериксен ја погоди пречката од голот на Чех, но Челзи беше подобриот противник и заслужено се радува на трофејот.
 


Chelsea vs Tottenham 2:0 - All Goals and Match... by footballTV