24фудбал

Вардар убедлив во Кратово, Брегалница го победи Пелистер во Битола

Вардар со триумф од 3-0 во Кратово го почна вториот дел од сезоната, Пелистер загуби на свој терен од Брегалница, Шкендија го доби тетовското дерби, Работнички подобар од Турново.

Македонија
Вардар со сигурна победа против Силекс во Кратово го започна пролетниот дел од сезоната, сите три погодоци беа постигнати во првите 20 минути.
 
Серијата ја отвори Ивановски во 12. минута, две минути подоцна одличен гол постигна Блажевски кој во 18. минута ги постави и конечните Силекс - Вардар 0:3.
 
Проектот "силен Пелистер" не започна најдобро, Брегалница зема три бода во Битола победувајќи со 1-0 со голот на Илиев во 11. минута.
 
Тетовското дерби помеѓу Тетекс и Шкендија им припадна на гостите кои победија со 2-1.
 
Вручина во 24. минута донесе предност за Шкендија, а во 71. Кировски го зголеми резултатот на 2-0, Тетекс до крајот успеа само да намали преку Адеми од пенал.
 
Честа на домаќините ја спаси Работнички кој со голот на Валкоски во 58. минута го победи Турново со 1-0.
 
Утре на програмата е последниот натпревар од 18. коло, Ренова го пречекува Работнички.
 
Фото: fkvardar