24фудбал

Челзи ќе има нов спонзор на дресот од кој ќе заработува 40 милиони фунти годишно

Јапонската компанија за гуми, Јокохама ќе биде новиот спонзор на Челзи од кои во наредните пет години тимот од Лондон ќе заработува по 40 милиони фунти по сезона.

Англија
Челзи потврди дека Јокохама ќе биде новиот спонзор на Челзи кој ќе се најде на дресовите на тимот.
 
Челзи и Јокохама потпишале пет годишен договор вреден 40 милиони фунти по сезона.
 
„Апсолутно задоволство ни е да и посакаме добредојде на Јокохама, нашиот нов официјален партнер на дресовите, очекуваме успешна соработка со нив" - потврди претседателот на Челзи, Брус Бак.