24фудбал

Македонија против Австралија на 30. март

Фудбалската федерација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Австралија во Скопје на 30. март.

Македонија
По квалификацискиот дуел со Белорусија на 27. март, Македонија три дена подоцна ќе ја пречека Австралија во пријателски дуел кој ќе се одигра во Скопје.
 
Ова ќе биде втор натпревар помеѓу Македонија и Австралија. Претходно во 1997 година Австралија со 1-0 ја совлада Македонија.