24фудбал

Нани: Не знам дали ќе се вратам во Манчестер Јунајтед

Нани кој игра на позајмица во Спортинг Лисабон, вели дека не знае дали повторно ќе заигра за Манчестер Јунајтед.

Англија
Откако стана јасно дека нема да добие шанса кај Луи ван Гал во првиот тим, Нани беше испратен на позајмица во Спортинг Лисабон каде што му оди одлично.
 
„Не сум зборувал со Ван Гал. Добив само некои текст пораки од потпреседателот Ед Вудвард. Ми пиша за голот и одличната сезона која ја имам во Спортинг" - вели Нани.
 
„Знаев дека со новиот тренер ќе ми биде тешко, бидејќи тој има свој систем кој не е добар за мојата позиција".
 
„Знаев дека ќе биде тешко и решив да заминам во Спортинг, тука ми е одлично, повторно се чувствувам силен".