24фудбал

Бускетс утре ќе стави потпис на нов договор

Барселона соопшти дека е постигната согласност со Серхио Бускет за продолжување на соработката

Шпанија

Пред десетина дена медиумите од Шпанија пренесоа дека Серхио Бускетс и лидерите на Барселона си подале рака за нов договор со трајност до 2019, а ваквите информации сега официјално ги потврдија ’Каталонците’.

„Барселона постигна согласност со Серхио Бускетс за продолжување на договорот до 30. јуни 2019, со опција за уште една додатна година” – гласеше известувањето на клубот од Камп Ноу.

„Документите ќе бидат потпишани утре во канцелариите на клубот”.

Се верува дека со новиот договор Серхио Бускетс ќе добие значајно зголемување на платата, и ќе има слични примања како оние на Иниеста и Чави.