24фудбал

Ферги му наредил на Бекам да ја избричи ’мохиканската’ фризура

Дејвид Бекам открива дека Сер Алекс Фергусон го принудил да ја избричи ’мохиканска’ фризура во тоалетот на Вимбли Стадионот

Англија

Шкотот имаше строги правила на Олд Трафорд, а Дејвид Бекам го има искусено тоа во неколку наврати.

Во интервју за Graham Norton Show, легендата на Манчестер Јунајтед и Англија открива дека на Сер Алекс Фергусон не му се допаднала неговата ’мохиканска’ фризура па бил принуден да се избричи во тоалетот на Вембли Стадионот.

Инцидентот се случил во 2000, еден час пред почетокот на дуелот помеѓу ’Црвените Ѓаволи’ и Челзи во Черити Шилд.

„Бев во соблекувалната на еден час пред почетокот на натпреварот, и кога Сер Алекс Фергусон ме виде, ми нареди да ја избричам главата” – вели Бекам.

„Во прв момент реков не, но потоа забележав како изразот на неговото лице се промени за кратко време, па заминав во тоалетот и се избричив”.

„Ферги беше многу строг”.

„Се работеше за репутацијата на клубот, сакаше сите играчи да изгледаат професионално и чувствуваше дека нешто не е во ред со мојот изглед”.

„Игравме на Вембли, па можеби беше во право!”