24фудбал

Бербатов: Повеќе ја посакувавме победата

Напаѓачот на Монако, Димитар Бербатов смета дека неговиот тим повеќе ја посакувал победата од Арсенал и заслужено стигнал до неа.

Лига на Шампиони
Монако го шокираше Арсенал победувајќи го со 3-1 на Емирати, Димитар Бербатов беше стрелец на еден од погодоците.
 
„Веројатно никој не очекуваше ваков резултат, но ние веруваме во нашите можности, заслуживме да победиме" - изјави Бербатов по натпреварот.
 
„Ги реализиравме нашите шанси и дојдовме до голема победа. Но сеуште ништо не е готово, има уште еден натпревар, Арсенал е опасен тим".
 
„Арсенал е добар тим но денеска ние повеќе ја посакувавме победата од нив. Се боревме на секој дел од теренот, ги добивавме дуелите и постигнувавме голови".
 
„Не верувам дека тим како Арсенал ќе си дозволи да не потцени, но ако го направиле тоа, погрешиле".