24фудбал

Монако му удри „шамар“ на Арсенал во Лондон

Арсенал со 3-1 загуби од Монако на Емирати, Арсен Венгер доби лекција од својот поранешен клуб, Леверкузен со 1-0 го победи Атлетико Мадрид.

Англија
Вистинско изненадување се случи во Северен Лондон каде Арсенал важеше за голем фаворит но загуби на домашен терен со 3-1 од Монако.
 
Тимот на Венгер офанзивно го започна натпреварот, Монако се одлично се бранеше, како одминуваше времето гостите се ослободуваа од притисокот и почнаа да се закануваат кон голот на Оспина.
 
Во 38. минута шут на Кондогбиа од далечина, топката го удри Мертесакер и влезе во голот на Арсенал за водство на Монако од 1-0.
 
На стартот од вториот дел Арсенал тргна уште поофанзивно, но Жиру беше очаен во завршницата.
 
Во 53. минута нова грешка на Мертесакер, брз напад на Монако кој заврши со реализација на Димитар Бербатов за 2-0.
 
Течеше 90. минута кога Окслеј Чембрлејн постигна убав погодок за 2-1, гол на надеж за Топџиите, но четири минути подоцна Монако преку Фереира Караско постигнува уште еден гол за конечни 3-1 и голема победа во Лондон.
 
Вечерва до поволен резултат дојде и Баер Леверкузен кој со 1-0 го победи Атлетико Мадрид.
 
Клучниот момент се случи во 57. минута кога Каланоглу реализираше за водство од 1-0 кое значеше и победа.
 
До крајот на натпреварот Атлетико Мадрид остана без Тиаго кој доби втор жолт картон во 77. минута.