24фудбал

Сириза го забрани фудбалот во Грција!

Натпреварите од грчкиот професионален фудбал се суспендирани на неопределено време поради бранот насилства на терените.

Останато
Фудбалот во Грција е привремено суспендиран поради нередите на стадионите кои кулминираа на дербито помеѓу Панатенаикос и Олимпијакос кога навивачи влетаа на теренот пред самиот крај на мечот.
 
Партијата, „Сириза“ која од неодамна е на власт во Грција, одлучи да се справи со насилството во фудбалот.
 
„Натпреварите во Суерлигата и останатите нивоа на професионален фудбал се суспендирани на непоределено време. Имаме нова власт која сака да го реши тој проблем и да имплементира нови закони" - изјави претседателот на Супер Лигата во Грција, Јоргос Боровилос.