24фудбал

Шалке го сака Кедира

Според германските медиуми, Сами Кедира од идната сезона би можел да го облече дресот на Шалке.

Германија
27-годишниот фудбалер го загуби местото во стартниот тим оваа сезона, па се појасно е дека ќе ја промени средината во летниот преоден рок.
 
Иако претходно се поврзуваше со тимови како Арсенал, Челзи и Баерн Минхен, последните информации велат дека Шалке ќе биде новата дестинација на Кедира.
 
Германскиот весник Билд, информира дека Шалке ќе се обиде да го донесе Кедира во летниот преоден рок.
 
Договорот на Кедира со Реал Мадрид истекува по крајот на оваа сезона, па тој како слободен агент ќе го одбере новиот клуб.