24фудбал

Дали Суарез се обиде да го гризне Демикелис? (ВИДЕО)

Луис Суарез е обвинет дека ја гризнал раката на дефанзивецот на Манчестер Сити, Мартин Демикелис

Видео

Репрезентативецот на Уругвај вчера имаше одлична партија на Етихад Стадионот, постигна два погодоци и беше најзаслужен за победата на Барселона над Манчестер Сити.

Но утрово тој одново е во центарот на вниманието поради старите лоши навики, односно гризнување противнички играч.

Обвинувањата најпрво започнаа на Твитер, за подоцна во целаа приказна да се приклучат и медиумите.

Спорен е моментот од завршницата од средбата кога при еден дуел помеѓу Суарез и Демикелис се чини дека напаѓачот се обидува да ја гризне раката на дефанзивецот.

Од ТВ снимките не може да се забележи ништо, а ниту Аргентинецот не се пожали по крајот на дуелот.