24фудбал

Сите се интересираат за Дибала (ВИДЕО)

Претседателот на Палермо, Мауро Зампарини го потврди големиот интерес на силните европски клубови за Пауло Дибала.

Италија
По мала пауза Палермо повторно вади играч за кој се интересираат најголемите европски клубови.
 
21-годишниот Дибала кој оваа сезона за Палермо постигна 12 гола, важи за еден од најголемите надаежи во Европа, се проценува дека оној кој сака да го добие неговиот потпис ќе треба да плати околу 30 милиони фунти.
 
Се шпекулира дека интерес за играчот има од Арсенал, Челзи, Ливерпул, ПСЖ и Јувентус.
 
„Најголемите клубови во Европа ме контактираа" - изјави Зампарини.
 
„Зборувам директно со претседателите на клубовите од Англија и Франција, има голем интерес".
 
„Фудбалерот е многу добар и ние ќе се обидеме да најдеме решение кое ќе ги задоволи сите страни".