24фудбал

Алегри: Одигравме така како што планиравме

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри е задоволен од победата од 2-1 над Борусија Дортмунд, смета дека резултатот е реален исход од она што се случуваше на теренот.

Лига на Шампиони
Јувентус ја искористи предноста на домашен терен и ја доби првата осминафинална пресметка против Борусија Дортмунд.
 
„Ова беше многу тактички натпревар, мислам дека ние имавме повеќе шанси од нив. Резултатот е фер" - вели Алегри.
 
„Ние ја подготвивме оваа тактика, да им ги сопреме напаѓачите, да не им оставаме простор бидејќи тие сакаат да играат така, со многу трчање. И гледавме да ги искористиме нивните слабости во дефанзивата".
 
„Сега се фокусираме на дуелот со Рома, а потоа повторно ќе размислуваме на Борусија Дортмунд".