24фудбал

Клиши: Фудбалерите на Барса правеа полоши фаули од моите

Гаел Клиши смета дека играчите на Барселона биле и погруби од него, но смета дека според правилата тој заслужил да биде исклучен.

Лига на Шампиони
Кога Манчестер Сити беше во налет за изедначување на резултатот, Клиши доби втор жолт картон и играта комплетно се промени.
 
„Доколку се водиме од правилата, веројатно и двата старта беа за жолт картон" - вели Клиши.
 
„Направив два фаула за време на натпреварот, дури и можам да кажам дека тоа не беа некои големи фаули, но веројатно откако го направив првиот, судијата требаше да биде потолерантен и да ми даде само усна опомена за вториот".