24фудбал

Сити капитулираше во Манчестер, Јувентус подобар од Борусија

Барселона со 2-1 го победи Манчестер Сити на негов терен, со истиот резултат Јувентус славеше над Борусија Дортмунд во Торино.

Лига на Шампиони
Барселона и Јувентус обезбедија предност по денешните први осминафинални натпревари, Каталонците имаат подобра позитива бидејќи победата ја изборија на гостински терен.
 
Манчестер Сити е на прагот да доживее нов неуспех во Лигата на шампионите откако загуби против Барселона и само чудо може да ги однесе во четвртфиналето.
 
Шампионот на Англија се прикажа во очајно издание во првиот дел кога Барса со два гола на Луис Суарез дојде до сигурна предност.
 
Сити заигра многу подобро на почетокот од вториот дел и по неколкуте пропуштени шанси, Агуеро постигна гол за 2-1.
 
Манчестер Сити играше добро, но Клиши во 74. минута заработи втор жолт картон и тука започна нова доминација на Барса која можеше да си замине и со поголема предност, но Меси не реализираше пенал во 94. минута.
 
Јувентус со 2-1 ја совлада екипата на Борусија Дортмунд во Торино, сите погодоци беа постигнати во првиот дел.
 
Во 13. минута Тевез донесе водство за домаќините, но само пет минути подоцна Киелини киксираше, Ројс го изедначи резултатот на 1-1.
 
Сепак пред самиот крај на првото полувреме, по асистенција од Погба, Мората постигна гол за ново водство кое значеше и победа.