24фудбал

Барса нема победа кога суди Брих

’Каталонците’ ќе треба да надминат една непријатна традиција доколку сакаат да се пласираат во четврт-финалето од ЛШ, судијата Феликс Брих им носи лоша среќа

Лига на Шампиони

Германецот ја делел правдата на пет натпревари на Барселона, клубот од Камп Ноу забележал два нерешени резултати и три порази.

Исто така, кога Феликс Брих и суди на Барса, ’Каталонците’ доживуваат елиминација во нок-аут фазата.

Лошата серија на Барселона со Брих започнала во 2012, кога Барса гостуваше кај Челзи на Стемфорд Бриџ.

Тогаш загуби со 1-0, а на реваншот дома одиграа само 2-2 по што го заврши настапот во Лигата на Шампионите.

Феликс Брих ја делеше и правдата на дуелот од минатата сезона помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во четврт-финалето.

Средбата заврши 1-1, а на реваншот ’Јорганџиите’ славеа со 1-0 и се пласираа во полу-финалето.

Германецот ја делел правдата и на дуелот помеѓу Милан и Барса во групната фаза во сезоната 2012/13, натпреварот заврши 1-1.

Тој судеше и на два пријателски натпревари на ’Каталонците’, портив Баерн Минхен и против Интер.

Барса ниту на овие средби не стигна до победа, со ’Нероаѕурите’ одигра нерешено, а загуби од ’Баварците’.