24фудбал

Челзи го кани Сулејман да биде гостин протв ПСЖ

Човекот што беше расистички навредуван од навивачите на Челзи ќе добие покана да биде специјален гостин на Стемфрод Бриџ на реванш средбата со ПСЖ во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Група фанови на Челзи изминативе денови се во центарот на вниманието по инцидентот што го направија во метрото во Париз.

Тие не му дозволија на човек со црна боја на кожата да се качи во метрото и пееа „ние сме расисти, ние сме расисти и тоа ни се допаѓа”.

’Сините’ веќе суспендираа тројца фанови и работата со полициските служби во Англија и Франција за да ги пронајдат сите инволвирани лица во овој немил инцидент.

Челзи исто така сака му се извини на човекот што беше цел на расистичкиот напад, па ќе го покани Сулејман и неговото семјество да бидат специјални гости на Стемфорд Бриџ на реванш средбата со ПСЖ во Лигата на Шампионите.

Зборувајќи на денешната прес конференција, Жозе Мурињо рече: „Ја поддржувам идеата и покрај тоа што не знам дали господинот сака фудбал”.

„На овој начин тој ќе почувствува каков е навистина Челзи. Во моментов тој можеби има погрешна престава за Фудбалскиот Клуб Челзи”.

„Не знам дали господинот сака фудбал, но сигурен сум дека ќе сака да почуствува дека луѓето кои беа инволвирани во инцидентот немаат никаква врска со ФК Челзи”.