24фудбал

Барса го именуваше главниот терен за тренинг по Виланова (ФОТО)

’Каталонците’ денеска го именуваа главниот терен за тренинг во чест на Тито Виланова, кој почина минатата година

Шпанија

Најголемото игралише во тренинг центарот Џоан Гампер денеска доби ново име.

Барселона оддлучи да му оддаде почит на својот поранешен тренер Тито Виланова, па теренот на кој тренира првиот тим во иднина ќе се вика Камп Тито Виланова.

На церемонијата присуствуаше семејството на Тито Виланова, како и целиот тим на ’Каталонците’.

„Сигурна сум дека Тито ќе кажеше дека не го заслужува ова” – рече сопругата на Вилванова. „Но тука тој беше најсреќен, се чувствуаше како дома”

„Го обожаваше овој терен, секогаш велеше дека има привилегија да ужива во она што го работи, да биде тренер.”

„И тоа да биде тренер на најдобрите играчи во светот, некои од нив ги познаваше уште кога тие беа деца”.

Првиот човек на клубот, Хосеп Мариа Бартомеу рече: „Во иднина, сите генерации кои ќе доаѓаат да тренираат во нашиот комплекс ќе знаат кој беше Тито Виланова”.

По заминувањето на неговиот ментор Пеп Гвардиола, Тито Виланова го превзеде кормилото на Барселона во 2012 и во првата сезона на ’Каталонците’ им ја донесе титулата во Примера.

Но во јули 2013 мораше да се повлече поради здравсвени причини.

На 25. април 2014 тој почина во својата 45. година од животот, по двегодишна борба со ракот.