24фудбал

Балотели: Престанете да правите драма

Марио Балотели побара луѓето да престанат да прават драма од неговиот контроверзен пенал со кој Ливерпул стигна до триумф од 1-0 над Бешикташ

Лига Европа

Кон финишот на натпреварот во 1/16 – финалето од Лига Европа, судијата покажа на белата точка, а според договорот пред почетокот на средбата, Џордан Хендерсон требаше да ја изведе најстрогата казна.

Сепак, Марио Балотели стапи на сцена, му ја зеде топката на Хендерсон, и по кратка расправија прецизно го реализираше ударот од 11 метри.

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард подоцна го обвини Марио Балотели дека покажал непочитување кон Џордан Хендерсон и истакна дека правилата морале да се почитуваат.

На адреса на ’Супер Марио’ пристигна многу критики, па играчот се огласи преку Инстаграм и порача дека луѓето треба да престанат да прават драма.

„Ти благодарам Хендо што ми дозволи да го изведам пеналот” – напиша Балотели.

„Престанете да правите драма. Победивме, и тоа е најважно. Ние сме тим, ние сме Ливерпул. Ајде момци”.