24фудбал

Парма-Удинезе ќе се игра зад затворени врати?

Медиумите од Италија пренесуваат дека дуелот помеѓу Парма и Удинезе во недела би можел да се одигра зад затворени врати поради финансиската криза на домаќините

Италија

Извештаите велат дека ’Млекарите’ немаат пари за да ги покријат трошоците за одржување на натпреварот, односно да се организира соодветно обезбедување и редарска служба.

Медиумите утрово пренесоа дека постојат реални шанси натпреварот помеѓу Парма и Удинезе закажан за во недела да не се одигра.

Но последните извештаи велат дека на денешните преговори помеѓу сите инволвирани страни бил постигнат договор за средбата да се одигра во предвидениот термин.

Се говори дека конечната одлука ќе падне во сабота, и во најлош случај натпреварот ќе се одигра зад затворени врати.

Парма ги нема подмирено ниту сметките за електрична енергија, се говори дека Енио Тардини би можел да остане без струја, но на овој фронт клубот е заштитен со агрегатори.