24фудбал

Рутинска победа на Реал над Шалке

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и славеше со 2-0 на гостувањето во Гелзенкирхен, на дуелот помеѓу Базел и Порто немаше победник

Германија

’Кралевите’ минатата сезона лесно славеа со убедливи 6-1 на Фелтинс Арена, Шалке денеска одиграа подобро но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

Реал триумфираше со 2-0, стигна до рекордна десетта победа во низа, и со една нога веќе е во четврт-финалето.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо во 26. минута. Карвахал одлично нафрли од десната страна, дефанзивците на Шалке заборавија на CR7 кој со глава го матираше голманот Веленројтер.

Победникот беше решен во 79. минута, кога Марсело биеше неодбранливо во аголот за водство на ’Кралевите’ од 2-0.

Исходот на средбата можеше да биде поинаков, откако само неколку минути пред голот на Марсело, Шалке ја погоди пречката но среќата не беша на страната на домаќините.

На вториот денешен натпревар Базел и Порто одиграа 1-1.

Гонзалез ги донесе домаќините во предност во 11. минута, а Данило од белата точка изедначи во 79. минута и обезбеди добар резултат за Порто во пресрет на реваншот во Португалија.